Häuser zum Leben се лидери на пазарот во Австрија во грижата за стари лица. Околу 5.000 соработници/чки од над 80 професии работат со многу љубов и компетентност во нашите 30 Häuser zum Leben како и во 150 клубови за пензионери/ки во градот Виена. За да ги зајакнеме нашите посветени тимови, за нашите станбени згради во Виена сега бараме мотивирани и динамични:

стручни лица во (повисоката) служба за здравствена и болничка нега

Дојдете во Виена, најпогодниот град за живеење во светот!

Кај нас работат соработници од повеќе од 60 нации. Нè радува што можеме да Ви посакаме добредојде како нов/а соработник/чка во нашите мултикултурни и интердисциплинарни тимови!

ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Професионална и компетентна грижа и нега на жителите во согласност со одредбите на GuKG
  • Утврдување на потребите за нега, креирање планови за нега и спроведување на процесот на нега
  • Имплементација на концепти за нега (на пр. биографија работа, валидација, итн.)

 

ВИЕ ИМАТЕ

  • Државно признаени студии или диплома како стручен кадар во повисоката служба за здравствена и болничка нега односно еквивалентно образование вкл. професионална квалификација
  • Со завршени студии: Подготвеност за завршување на Б2-сертификат по германски јазик (можна е финансиска поддршка)
  • Со квалификација за медицински сестри/техничари: признаен Б1-сертификат по германски јазик е апсолутно неопходен (на пр. Гете-институт), што значи дека е можна привремена работа како помошник медицинска/и сестра/техничар додека не го достигнете нивото Б2; (Нивото Б2 е предуслов за висока служба)
  • Со квалификација за медицински сестри/техничари: Подготвеност за завршување на студиската програма Здравствена и болничка нега (претходно DGKP Диплома по Здравствена и болничка нега) – предуслов за висока служба; за прием на студиската програма потребно е Б2 ниво по англиски јазик / ниво на положена матура (можна е финансиска поддршка)
  • Искуство во холистичката грижа и нега на жителите
  • Искуство во одредување на потребите за нега, правење планови за нега и реализација на процесот на нега
  • Емпатија во односот со постари и многу стари лица

НИЕ ВИ НУДИМЕ

Во зависност од Вашата индивидуална ситуација можеме да Ве поддржиме при преселбата*, а постои и можност да Ви биде понудена финансиска поддршка, доколку е потребно, како на пример за:

  • Покана за запознавање во Виена – доколку е потребно ќе Ве поддржиме финански
  • Доколку е потребно, финансиска поддршка за трошоците за пристигнување и транспорт (мебел итн.)
  • Обезбедување на привремено живеалиште како и помош при барањето стан
  • Поддршка при признавање на образованието, дозвола за престој и други документи
  • Курсеви по германски јазик вкл. такси за испити
  • Постојана поддршка во текот на процесот на преселба и навикнување кај нас во компанијата и многу повеќе.
  • Оваа поддршка му ја нудиме и на Вашето семејство во многу области

 

Многу ни е важно да пристигнете безбедно и да се чувствувате пријатно кај нас!

 

* Ве молиме имајте предвид дека не постои законско право за обезбедување на овие бенефиции и дека реалните трошоци зависат исклучиво од дискрецијата и единствената одлука на Одделот за човечки ресурси на Häuser zum Leben, Можни се промени или повлекување на поддршката.

ДОПОЛНИТЕЛНО НУДИМЕ:

  • Работа која не е под влијание на кризи, корисна и е во компанија ориентирана кон иднината во градот Виена
  • Флексибилно планирање на смените и во полза на вработените
  • Вредносни ваучери, поволно, свежо зготвено јадење, ден за добредојде и инструирање во работата
  • Работна недела од 37 часа со плата за полно работно време и 25 денови одмор годишно (во зависност од стажот,
    постојано се зголемува до максимум 31 ден)

 

Ние ја живееме различноста! Во Häuser zum Leben на сите луѓе им ги нудиме истите шанси независно од возраста, полот, етничката или национална припадност, сексуалната ориентација или религијата.

 

Притиснете на копчето „Аплицирај сега“ и испратете ни ги Вашите документи на германски или англиски јазик.

Доколку имате прашања контактирајте нѐ на nursejobvienna@kwp.at.

НАШИТЕ ПРИДОБИВКИ

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПЛАТА

Месечната плата на дипломиран/а здравствен/а и болнички/а негувател/ка (DGKP) со полно работно време изнесува мин. 3.511,00 € бруто (1. година од Колективниот договор (KV)) до макс. 4.750,10 бруто (36. KV-година). Со германско ниво Б1 или во текот на процесот на признавање, месечната плата како помошник/помошничка стручен/стручна негувател/ка (PFA) изнесува мин. 3.265,45 € бруто (1. KV-година) до макс. 4.365,05 бруто (36. KV-година) или како помошник/помошничка негувател/ка (PA) мин. 3.048,30 € (1. KV-година) до макс. 3.968,40 бруто (36. KV-година). Платите вклучуваат фиксни додатоци, додаток за нега ограничен за 2024 година и доплата за работа во недела, на државни празници и ноќе. Исплатата се врши 14х/годишно. Важи колективниот договор на Австриското социјално стопантство (SWÖ-KV). Релевантните периоди од претходната работа ќе бидат земени целосно предвид со цел подобрување на SWÖ-KV.

стручни лица во (повисоката) служба за здравствена и болничка нега

Nursing Jobs for people applying from abroad
Standort Wien (nach Verfügbarkeit)
Teilzeit, Vollzeit
37 Wochenstunden
Jobangebot vom 21.11.2024
Keine Bewerbungsfrist
Gehalt (VZB): 3.511,00 € brutto

Dieses Jobangebot teilen

Weitere offene Stellen im Bereich

Fachkräfte für den gehobenen Dienst für Gesundheits- und Krankenpflege (Internationale Bewerber*innen)

(37 Wochenstunden)

Specijaliste u (višoj) Službi za pružanje zdravstvenih usluga i negu bolesnika

(37 Wochenstunden)

Stručnjacima za (višu) službu za zdravstvenu i bolesničku njegu (m/ž/t)

(37 Wochenstunden)

Punonjës të kualifikuar për shërbimin (e lartë) Për kujdesin shëndetësor dhe infermieror

(37 Wochenstunden)

Stručno osoblje za (višu) službu u zdravstvu i njegovateljstvu

(37 Wochenstunden)

(старши) специалисти по здравеопазване и медицински грижи

(37 Wochenstunden)
Es sind derzeit keine weiteren Stellen in diesem Bereich vorhanden.